Почитувани родители и наши идни ученици

Во тек се подготовки за претстојните  уписи во нашето училиште СУГС „Димитар Влахов“ Скопје, во јунскиот  уписен рок. Затоа, сакаме да Ве потсетиме за условите, термините и потребните документи за упис во нашето Училиште:

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни.

Првото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 14 јуни 2021 година во период од 12:00 часот до 19:00 часот, на 15 и 16 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и на 17 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 17 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 23 и 24 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и на 25 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2021 година.

При пријавувањето за упис, учениците имаат обврска да ги поднесат следните документи:

–       пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето или ја симнува од web страната на училиштето и пополнета ја носи во училиштето )

–       оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

–       дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;

–       извод од матичната книга на родените (оригинал или заверен на нотар, без оглед на датумот на издавањето).

НАПОМЕНА: При поднесување на документите за упис,задолжително присуство на ученик, родител односно старател на ученикот.

При запишувањето ќе се почитуваат протоколите кои се однесуваат на заштита од Ковид-19. 

Линк со пријава за упис:

https://mon.gov.mk/content/?id=3850

Распоред за прием на документи:

Распоред за прием на документи

ОДБЕРИ СТРУЧНО, ЗАПИШИ СЕ ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ !