Во наредната учебна година 2021/22 85 ученици кои ќе ја одберат Хемиско-технолошката струка, ќе имаат можност да се образуваат за Прехранбен техничар и Месопреработувач во прва година во паралелка за дуално образование во СУГС „Димитар Влахов“. Учениците ќе посетуваат настава во училиште и во истовреме ќе изведуваат пракса во пет компании во Скопје и тоа МАКОМАРКЕТ ДОО Скопје ( прехранбен техничар македонски јазик ), КОМПАНИЈА БЕКИР ДООЕЛ Скопје, ИНТЕР МОЛ ЦЕНТАР ДООЕЛ – Скопје, ПИТЕ ДОО – Скопје ( прехранбен техничар албански јазик ) и АТАНАСОВСКИ ДОО – Скопје ( месопреработувач ). Овој нов концепт на образование на учениците им обезбедува школување кое гарантира вработување. Посетата на праксата овозможува на нашите ученици по завршување на средно образование да поседуваат квалификации за работа со кои полесно ќе се вклучат во производниот процес во компаниите.
Стручното образование, со сите реформи кои што се случуваат во овој период, им гарантира вработување доколку тие одлучат да се вработат по завршување на средно училиште но при тоа не ги спречува учениците да продолжат да се образуваат на високообразовните институции или да отворат сопствен бизнис. Компаниите кои се вклучени во програмата дуално образование им овозможуваат пракса во нивните погони со специјално обучени ментори во обезбедени простории за практична настава..

МОН: За прв пат конкурс за упис во стручните училишта според потребите на компаниите