Виртуелна изложба
На 23.09.2021 година со почеток од 17-часот беше одржана Виртуелната Изложба – “Peace4Mels” на која беа промовирани цртежи и фотографии на ученици од средните училишта во државата, кои учествуваа на конкурсот за најкреативен цртеж или фотографија на тема “Peace4Mels”.
Овој конкурс беше организиран како иновативна идеја иницирана од младите луѓе кои беа дел од работилниците организирани во рамките на проектот “Supporting the Western Balkan’s Collective Leadership on Reconciliation” поддржан од UN Peacebuilding Fund, RYCO и УНФПА.
На конкурсот учество зема и нашето училиште претставувано од ученичката Ана Јаневска од III-4 клас под менторство на наставникот Елена Савевска, која изработи прекрасен цртеж на зададената тема.