Втора фаза од наградениот проект на “Предизвик за млади истражувачи „
Ви ја претставуваме втората фаза од наградениот проект од нашето училиште со назив „Намалување на употребата на пестициди, инсектициди и хербициди во земјоделството преку алелопатија“. Учениците од хемиско – технолошката струка во лабораториски услови вршат истражување за алелопатското дејство на растенијата. Ја работат втората проба од експериментот за да направат споредба од добиените резултати. Со нетрпение ги очекуваме резултатите.