Граѓанско образование
На ден 21.05.2021 година во 14 часот, беше одржан состанок со фокусна група од I-4 и I-5 клас од ,,СУГС Димитар Влахов” на состанокот беше присутен олеснувачот Панче Ефтимов. Тема на состанокот беше годишната програма по предметот Граѓанско образование за учебната 2020/21 год. Беше направена анализа на оваа програма и притоа беше констатирано дека таа има квалитетни содржини. Тие се неопходни за создавање на инклузивен модел на учење. Тој овозможува преку модуларната настава учениците критички да размислуваат. Освен тоа новата програма им нуди на предметните професори креативни можности за унапредување на наставните содржини. Оваа програма поради пандемијата е скратена за еден месец и започнува од 1 октомври 2020 год.
Со истата тематика но различна фокус група, овој пат од учениците од I-10 и I-11, беше одржан состанок на кој беа потврдени согледувањата од предходната анализа. Одговорни наставници за овој настан беа Славчо Марковски и Азем Фазлија.