Еднодневен излет од спортско рекреативен карактер
На 17.10.2019г. се изведе еднодневен излет од спортско рекреативен карактер во Градски парк на кејот на реката Вардар. Се трчаше по претходно обележана патека од наставниците по спорт. Машките трчаа на 800 метри, а девојчињата на 600 метри. За редот и дисциплината беа одговорни сите класни раководители и наставници. Најдобрите, односно оние кои пристигнаа први беа наградени со благодарници за прво, второ и трето место. Излетот се одвиваше во релаксирана атмосфера, учениците покажаа интерес за дружење и меѓусебно почитување.