Конференција за НЕ! НАСИЛСТВО!
На ден 28.05.2021год. се одржа Конференција за НЕ! НАСИЛСТВО!
Како до (по) безбедни училишни средини?
На конференцијата беше промовиран ПРОТОКОЛ за спречување и постапување во случај на насилство.
Овој документ е изработен за време од 4 месечен период од страна на работна група составена од 20 учесници од 10 средни училишта меѓу кое и нашето училиште.
Овој документ има за цел да едуцира и креира безбедна средина за сите, во која учениците ке се чувствуваат добредојдени, безбедни и ке можат да ги уживаат своите човекови права и да го исполнат својот потенцијал креирајки еднакви можности за сите.
“Не радува тоа што проколот за спречување на насилство наиде на позитивни коментари, но и се надеваме дека преку панел дискусијата се информиравте подобро за механизмите кои ги преземаат институциите за намалување на врсничкото насилство, но и за тоа што е потребно дополнително да се направи за креирање на безбедни училишни средини.”- коментираа од здружението LEAD, кои се одговорни за имплементација на овој проект со поддршка од Агенција за млади и спорт на РСМ.
Координатор на проектот е наставник Мирјана Крстевска.
Овде можете да го прочитате проколот на македонски и албански јазик.
Protokol za sprecuvanje i postapuvanje vo slucaj na nasilstvo