
Мојот кариерен пат
Првата фаза од проектот беше реализирана со тимот од наставници и менаџерскиот тим од училиштата вклучени во проектот. Учесниците беа запознати со активностите кои треба да се превземат за реализација на проектот Планирање на кариера и работилницата „Мојот кариерен пат“ преку кратка презентација. Во месец октомври беше одржана уште една средба на која се разговараше за обезбедување на потребни ресурси за работа преку соработка со тим на наставници и ученици и планирани личности што ќе бидат повикани за интервју. Беше изготвен акциски план со дефинирање на обврските за завршната активност. Во КЦ се реализираше работилница со учениците од трите училишта за подготовка и изготвување на прашања за интервју како и вежбање на учениците за изведување на интервјуто .Се обезбедија ресурси (хартија, компјутер, лцд,смарт табла, плакати, брошури, покани, освежување) и др.потребни матерјали. Во тек е спроведувањето на завршната активност во СУГС „Димитар Влахов„ Скопје на која ќе присуствуваат одговорните настаници и ученици од трите училишта( СУГС „Шаип Јусуф„ СУГС „Димитар Влахов„ и СМУГС Д-р „Панче Краѓозов „. На 22.11.2019 год.во 11:00 часот во просториите на СУГС „Димитар Влахов„ беше одржана последната активност од работилницата под име „Мојот кариерен план„. По преземените активности за организирање на предвиденото интервју, тоа се реализираше во присуство на ученици од сите три училишта кои им поставуваа прашања на одбраните гости. По завршување на интервјуто кариерните советници со учениците водеа дискусија за идеите за нивниот кариерен пат. За сите активности беша изработени акциски план и пп.Со тоа планираните активности од проектот „Програма за обука – Кариерно советување„ за наставници и претставници од стручни служби од средните училишта на територијата на град Скопје беа реализирани успешно од сите три училишта. Валентина Димитриевска -СУГС „Димитар Влахов“ Марина Атанаскоска- СУГС „Шаип Јусуф“ Елена Никчевска- СМУГС Д-р „Панче Краѓозов“



