Општина Аеродром- пионер во практикување на детското учество
На ден 25.05.2021 година беше одржан состанок на основните и средни училишта во општината Аеродром, со Првата детска амбасада во светот Меѓаши во врска со проектот „Општина Аеродром- пионер во практикување на детското учество“. Учество зема и нашето училиште претставувано од предметниот наставник Христина Марковска.
Состанокот го отвори и го водеше Јорданка Черепналковa Трајкоска, координаторка на проекти и на СОС телефонот за деца и млади од Првата детска амбасада во светот Меѓаши.
Главната цел на овој проект е јакнење на капацитетите на општината Аеродром за поттикнување на детското учество во процесите на одлучување. Оваа цел влегува во рамките на Седмата програмска цел дефинирана од општината Аеродром, односно: Унапредување на човековите права и создавање институционални капацитети за нивна ефикасна заштита.
Очекувани резултати од истражувањето и целиот проект се:
-Поголема свест за принципот на детско учество кај сите инволвирани страни, како и пошироката јавност;
-Спроведено сеопфатно истражување за состојбата со правата на децата во Општина Аеродром и изготвена анализа од наодите на истражувањето;
-Зајакнати знаења и капацитети на сите чинители во општината за правата на децата и детското учество;
-Подготвен и промовиран во јавност Детски извештај за состојбата со правата на децата во општина Аеродром со организирање на конференција.