
Првенец на генерација 2016-2020 година
Анастасија е одличен ученик во сите четири години, од кои последните три со просек 5.00. Била претседател на паралеката три години, и тоа во прва, трета и четврта година. Редовна е на настава, со примерно поведение сите четири години. Како ученик е исполнителна и одговорна. Во класот важи за голем другар, им помага на своите соученички при совладување на одредени порешкотии во училиштето.
Учесник е на бројни натпревари од повеќе области, каде го претставуваше училиштето и има освоено повеќе награди и признанија како што се: „Камп на иновации„-2019 год. каде го освои првото место и стипендија за студирање на универзитетот ФОН, Сертификат за учество во „Предизвик за млади истражувачи„- 2018-2019год. kаде заедно со тимот од училиштето влегоа во последниот круг на натпреварување, Образовно рандеву-2018 год. kаде го освои третото место за најдобра мода ревија, понатаму, Образовно рандеву -2018 за освоено второ место за најдобар штанд, Сертификат за учество на Виз ер Маратон -2017 год.,и сретификат за успешно завршена интерактивна програма во рамките на проектот„ Поттикнување опшествена одговорност кај младите преку волонтерски активности“. Важни за спомнување се двете освоени стипендии од два приватни факултети ФОН и Европски Универзитет за продолжување на нејзиното образование.