Прогласени наградените од проектот „Дигитална етика“
Прогласени се наградените проекти од Дигитална етика, дел од проектот на Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО.
Целта на овој проект кој се реализира со поддршка од Град Скопје е развивање на способноста на средношколците и останатите членови на училишната заедница за правилно користење на дигиталните алатки, како и развој и унапредување на дигиталната писменост. Со почеток во септември, со обуки и предавања за учесниците, проектот доби завршница денес со прогласување на наградените. Нашето училиште ја освои втората награда со изработен краток филм на тема „Интернет насилство“, во конкуренција од 34 дела изработени од средношколци на теми кои им се исклучително важни и кои ги живеат и искусуваат во нивното секојдневие. Делата изобилуваат со креативност, инвентивност и видливи мултимедијални вештини на високо ниво.
Второ место: СУГС Димитар Влахов – Тим 1 (Леонтина Ангеловска, Марија Ефремова, Ивона Спасовска, ментор Стефка Блажевска-Тушевска), за видеото на тема online насилство и cyber bullying. Коментар од комисијата: „Видеото ја пренесува главната порака на многу едноставен и пластичен начин, така што секој средношколец може да се идентификува и да се пронајде во него. Го задржува вниманието во секој поглед, визуелно и тематски. Визуелната реализација и продукцијата на видеото е одлична и на високо ниво.“
За наградување на пристигнатите дела, беше задолжена комисија во следниот состав:
- Христина Ѓорѓиевска– новинар и уредник на продукција во Види Вака,
- Даница Тунтевска-Вујовиќ – ПР менаџер во маркетинг-агенцијата New momentи
- Горан Маневски– менаџер за социјални медиуми во ОХО,
Наградени беа и учениците од СЕПУГС Васил Антевски Дрен, СУГС Јосип Броз Тито и СУГС Никола Карев.
Проектот навистина го сметаме за важен и посакуваме да стане интегрален дел од образованието на сите ученици во Град Скопје и воопшто во Северна Македонија.
Церемонијата од доделувањето на наградите може да прослесите од галеријата на слики подолу.