Успешна приказна во реализација на проектот МИО
Уште една успешна приказна на Влаховци, овој пат во реализација на проектот МИО, сегмент-интегрирана настава во нашето училиште. Имено, на ден 24.12.2020 година, во просториите на училиштето се одржа заедничка средба на претставници од МЦГО, Секторот за образование на Град Скопје како и директорот и наставниците кои реализираат интегрирана настава. На средбата беше истакнато дека и во услови на пандемија во која се наоѓаме во моментов, ваквите проекти треба да продолжат да се реализираат. Исто така беше дадена огромна подршка и поттик на паровите наставници кои учествуваат во реализација на овој проект.