Што е дуално образование?
„Учи паметно, работи стручно“ е кампања спроведена од Министерството за
образование и наука со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка.
Целта е промоција и унапредување на средното стручно образование и обука. Се
базира на потребите на реалниот сектор од отворање на дуални паралелки во
средните стручни училишта. Како резултат на овој позитивен тренд нашето
училиште им овозможува на идните средношколци да изберат дуален систем на
образование во сите сектори/струки и квалификации/профили (Фризер, Естетичар за
нега на раце и нозе, Техничар за естетска нега и убавина, Месопреработувач,
Прехранбен техничар, Техничар за козметички и хемиски производи, Техничар за
заштита на животната средина, Графички уредник дизајнер). Ова е вистинскиот и
најдобар избор за сигурна иднина.
Дуалното образование подразбира реализација на практичната работа во
реномирани компании со кои училиштето има потпишано меморандум за соработка.
Компаниите кои се вклучени во програмата за дуално образование им
овозможуваат на учениците реализација на практична настава со обучени ментори
во реални работни услови, а во соработка со наставниците по практтична настава.
За наставниците ова е можност за професионален развој и е многу значајно бидејќи
на тој начин се подобрува образовниот процес во целост. Учениците стекнуваат и
усовршуваат практични вештини со кои ќе бидат конкурентни на пазарот на труд.
Овој систем им обезбедува образование кое гарантира нивно вработување во
компаниите во кои ја реализирале практичната настава. Секако постои и можност за
отварање на сопствен бизнис и продолжување на образованието, се зависно од
желбата на ученикот.
Овој нов концепт на образование на учениците им обезбедува можност за
добивање на стипендија од МОН. Дополнително постои можност за добивање и на
стипендија од компаниите во кои ја реализираат практичната настава.
МОН: За прв пат конкурс за упис во стручните училишта според потребите на компаниите