Технологијата спојува образование – наука – индустрија
Ученици од хемиско технолошката струка и од струката лични услуги предводени од наставниците по стручни предмети Весна Стефова и Сања Атанасовски денес беа во посета на Технолошко-металуршкиот факултет на настанот “Технологијата спојува образование – наука – индустрија”.
Воедно беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу нашето училиште и Технолошко-металуршкиот факултет. Учениците од хемиско технолошката струка и струката лични услуги ќе добијат можност да ги прошират своите знаења во областа на хемијата и стручните предмети, да ги посетат лабораториите на факултетот, да присуствуваат на лабораториски вежби поврзани со наставната програма, ќе добијат помош и можност за истражувачки проекти.
Се радуваме на претстојниот научно-предизвикувачки период што следува и воедно благодариме за понудената соработка.