
Изучување на биотехники во областа на фризерството и графичниот дизајн

На 01.10.2023 г. започна реализацијата на нашиот прв проект финансиран од европската програма „Еразмус+“. Проектот е со наслов „Изучување на биотехники во областа на фризерството и графичниот дизајн“ со број на договор 2023-1-MK01-KA122-VET-000127040.
Проектот го реализираме во партнерство со бугарското здружение „Centre for active youth – Together we can“ од Бугарија. Во тек се подготвителни состаноци со цел квалитетно реализирање на мобилност во месец април 2024 година. Мобилноста е за 10 ученици од струката лични услуги и 5 ученици од графичката струка. Учениците ќе заминат на пракса во Бугарија во придружба на двајца професори од струките, кои што ќе го следат нивниот успех и ќе ги мотивираат да работат.
Целта на проектот е учениците да стекнат странска пракса во реална работна средина и да научат да работат со биотехники во фризерството и печатарската индустрија. Учесниците ќе бидат дел од секојдневниот процес на работа во реномирани фирми, ќе помагаат во полесни задачи и ќе бидат обучувани од супервизори кои се вработени во фирмите и имаат искуство во работата. Благодарни сме што имаме можност да бидеме дел од семејството на „Еразмус+“ и да го интернационализираме наставниот процес во нашето училиште!