Mанифестација ,,Денови на европско Скопје”
Годинава по шести пат се одржа манифестацијата ,,Денови на европско Скопје” во организација на Дирекција за култура и уметност на Скопје, поддржано од Министерство за култура.
Учениците од прва, втора и трета година од образовниот профил Графички уредник-дизајнер заедно со наставниците Елена Савевска и Јован Наумоски на 30.10.2023 година учествуваа на интерактивната работилница во рамките на оваа манифестација, по повод празникот на градот, ослободување на Скопје 13 Ноември. Работилницата се одржа на плоштад Македонија кај споменикот на Александар Македонски под менторство на фотографот Александар Кондев.
Учениците имаа можност да сe запознаат со историјатот на фотографијата, видовите фотографија, тајните на фотографирање како и начинот на стекнување на вредност на една фотографија во однос на времето и историјата. Дали нашите направени фотографии со текот на времето ќе ја добијат посакуваната вредност ќе покаже времето, дотогаш учениците ќе уживаат во своите објективи и играта на светлина и темнина.