ПРОЕКТ: ЕКСТРАКЦИЈА НА ЕТЕРИЧНИ МАСЛА И ДОБИВАЊЕ МАСЛО ОД ОТПАД СЕМКИ СО ПРЕСУВАЊЕ


Град Скопје и СУГС,,Димитар Влахов“– Скопје како корисник по основ на финансиско учество за реализација на проектот ,,Екстракција на етерични масла и добивање масло од отпад семки со пресување“ склучија Договор согласно Одлуката за примање на донација од Yout Action Fund и Решението за доделување на финансиски средства за проекти и проектни активности, во рамки на проектот ,,Фонд за климатска акција на млади донесено од Градоначалникот на Град Скопје.
Координатори на овој проект се наставниците – Виолета Арсова и Билјана Јанкуловска.
Во проектните активности се вклучени и ученици од струките/секторите-хемија и технологија (прехранбен техничар) и лични услуги ( техничар за козметичка нега и убавина).
Целта на овој проект е:
- Биоотпадот од овошје и семиња ќе може да се користи како суровина во секторот хемија и технологија;
- Со намалување на органскиот отпад од овошје и семиња се намалува и емисијата на CO2 и се влијае на намалување на ефектот на стаклена градина. Со тоа ќе се придонесе за справување со климатските промени, односно се придонесува за подобрување на здравјето и благосостојбата на неселението;
- Иновативност: добиените етерични масла со дестилација од овошје и маслата од отпад семки со пресување ќе се употребуваат како суровина за реализација на вежби и за производство на биокозметички производи (готовите производи ќе се користат за промоција и афирмација на училиштето);
- Во собирање на биоотпад како суровина ќе се вклучат: ученици, вработени, прехранбена индустрија, малопродажни трговски објекти со храна.
- Одржливост на проектот: ќе се усвојат практики на циркуларна економија за да се намали влијанието врз животната средина и ќе се промовираат употреба на рециклирани биопроизводи и активности за одржливо производство и потрошувачка ( управување со био-отпад) преку примена на различни начини на екстракција, механичка, термохемиска трансформација, од биоотпадот се извлекуваат активните компоненти, етерични масла, масла како суровини од кои потоа ќе се добиваат биопроизводи во козметиката.
- Секој наставник и ученик ќе стане креатор на промени што водат кон одржливост поврзани со климатски промени.
Главните активности за овој проект се рализираат во Биотехнолошката лабораторија во СУГС,,Марија Кири Склодовска²- Скопје.
За таа цел на ден 04.02.2025г. се одржа работилница, лабораториски експериментирања и пресметување на приноси на масла добиени од биоотпад како суровина во Биотехнолошката лабараторија.
Во тек е набавка на лабараториски апарати и опрема за спроведување на проектот во нашето училиште СУГС,,Димитар Влахов² Скопје за долг временски период и соработки со компании од секторот хемија и технологија,малопродажни трговски објекти и др.