Во СУГС ,,Димитар Влахов” се посветува внимание и на спортските натпревари во екипни и поединечни спортови.
Користа од физичката активност е огромна. Помага во развој и одржување на моториката, ги зацврснува коските и зглобовите, го подобрува имунитетот, ја зголемува самодоверба, ја подобрува когнитивната функција кај децата, како на пример помнењето, и тие имаат подобри училишни резултати. Затоа ние се залагаме за поголема свесност за училишниот спорт.
Во организација на Сојуз на училишен спорт, Федерација на училишен спорт и Град Скопје, нашето училиште секоја година учествува на спортските натпревари во футсал-женса и машка конкуренција како и одбојка-женска конкуренција. Натпреварите оваа година се оджуваат во СУГС,,Зефљуш Марку “. Ментор на екипата футсал-женски е Мирјана Крстевска.

Напред девојки!!! Ви посакуваме успех !!!