1. Мобилност во Бургас, Република Бугарија
2. Мобилност во Лисабон, Португалија
Наши партнери во проектот беа бугарската организација Centre for active youth - Together we can од град Сливен, Република Бугарија и Associacao Eurieta од Лисабон, Португалија. Во мобилноста учествуваа 10 ученици од образовниот профил техничар за козметичка нега и убавина и 10 ученици од профилот фризер придружувани од Зца наставници.
За време на мобилноста во Бургас, учениците својата Практична работа ја изведуваа во приватната школа за шминка artmakeup-by-tedora.com под менторство на сертифициран мајстор за шминкање Теодора Калчева. Учеа разни техники на шминкање во една позитивна, работна и креативна атмосфера, а учениците имаа можност да ги надоградат своите знаења и вештини од областа на драмската и сценската шминка. За време на мобилноста учениците покрај практичната настава за време на викендите имаа можност да се запознаат и со градот Бургас, односно да ги посетат сите културно историски места. Беше организирана посета на Музејот на илузии во Бургас, како и туристичка прошетка во центарот на Бургас каде се посетија најзначајните обележја на градот, Спомен часовникот, грбот на градот Бургас, црквата Св. Кирил и Методиј, Еврејскиот музеј и друго. Како резултат на успешно завршената мобилност беа пополнети и прашалници за евалуација, учениците изработија промо видео за проектот и се стекнаа со Europass сертификатите
Мобилноста во Лисабон беше уште еден предизвик за сите. Пречекани од Викторија Танчек, претставник од Associacao Eurieta започна реализацијата на втората мобилност. Да се изработуваат сценски и театарски фризури под менторство на искусни менторки беше предизвик за 10те ученици од образовниот профил фризер. Во пријатна и опуштена атмосвера ден по ден се учеа нови техники и се совладуваа нови начини на изработка и креирање на сценски фризури. Предизвик беше и да се осознае и да се доживее Лисабон како светски трговски, културен и стопански град кој во секое време од денот беше полн со туристи. Лисабон има што да понуди. Во тајно секавање ќе остане познатиот плоштад, манастирот и кулата во Белем и уште многу културно-историски споменици а посебно можноста да се почувствуваат брановите на океанот.
Позитивните доживувања на овие ученици ќе продолжат да говорат на идните генерации како едно искуство кое нема да се заборави.
Ние како училиште ќе продолжиме да растеме и да освојуваме нови проекти за нови доживувања за новите генерации.
До следниот Еразмус проект!