Државната матура е наменета за учениците (редовни//вонредни) кои по завршувањето на гимназиското или четиригодишното средно стручно образование сакаат своето образование да го продолжат на високо образовните институции т.е. факултетите. Пријавувањето за полагање на испитите од државна матура учениците го прават во матичното училиште преку училишната матурска комисија. Во однос на изборот на предмети учениците избираат два екстерни задолжителни исзборни предмети, два интерни изборни предмети и проектна задача која ја избираат во соработка со наставник ментор од соодветната област. Дополнителни информации може да најдете на сајтот www.matura.gov.mk.
Државната матура се полага според посебни испитни програми кои се темелат на целите на наставните програми за соодветните наставни предмети кои се вклучени во листата за државна матура.
Пополнета пријава за полагање на државна матура учениците доставуваат до училишната матурска комисија заклучно со месец декември во тековната учебна година. Полагањето на испитите од државната матура се реализираат во две испитни сесии, јунска и августовска (за оние кои нема да положат дел од испитите во јунскиот испитен рок или од оправдани причини биле спречени да ги полагаат испитите во јунскиот испитен рок).