Back

Хемиско-технолошка

Образовни профили/ квалификации

 

Месопреработувач (тригодишно)
Прехранбен техничар /техничар за заштита на животната средина (четиригодишно)
Техничар за козметички и хемиски производи

Во секторот/струка ХЕМИЈА И ТЕХНОЛОГИЈА во училиштето се изучуваат следниве квалификации/образовни профили:
Месопреработувач со тригодишно траење, прехранбен техничар, техничар за заштита на животна сридина и техничар за козметички и хемиски производи со четиригодишно траење.

Што учи месопреработувачот?
Месопреработувачот ги учи техниките на обработка на месо и месни производи, расекување и обескоскување на месото, учи за категоризација на месото и преработките од месо, учи за начините на складирање на месото, негово ладење и замрзнување, учи за пакување на месото и негова подготова и транспорт. Месопреработувачот се запознава и ги изучува санитарно-ветеринарните прописи кои се применуваат во месопреработувачката индустрија и правилата при работа и заштита на околината.

Што учи прехранбениот техничар?
Прехранбениот техничар ги изучува технологиите на изработка на различни прехранбени производи, леб, пецива, кондиторски производи, овошни и зеленчукови преработки, алкохолни и безалкохолни пијалоци, како и преработки од месо и млеко, зачини, чаеви и други напитоци. Ги изучува техниките на конзервирање и складирање на производите, учи да анализира состав и исправност на производите и да вржи контролана на производи и производствени процеси.

Што учи техничарот за заштита на животна средина?
Техничарот за заштита на животна средина учи за техниките на земање мостри (примероци), учи како се врши органолептички преглед при земање на мострата, учи за неопходните реагенси и инструменти за работа и нивната употреба, учи за работата на уредите и нивно калибрирање, учи за мерните инструменти и за начинот на нивно ракување, учи за видовите на хемиските анализи според ИСО стандардите и за евидентирање на резултатите од извршените хемиски анализи.

Што учи техничарот за козметички и хемиски производи?
Техничарот за козметички и хемиски производи ги учи технологиите на изработка на различни козметички и хемиски производи (креми, лосиони, пасти, сапуни, шампони, декоративни козметички производи и сл.), учи за својствата и дејството на суровините од кои се изработуваат хемиско-козметичките производи, учи за начините и техниките на анализа на дејството на козметичките и хемиските производи соодветно на нивната примена.

Нашето училиште располага со хемиска лабораторија и кабинет/работилница каде учениците се стекнуваат со практично знаење. Предметите Учење преку работа кај работодавач и практичната обука која ја реализираат во компании со кои училиштето има склучено меморандум за соработка учениците се стекнуваат со знаења и вештини во реални услови и ги следат новитетите и трендовите. Компании со кои нашето училиште има склучено меморандум за соработка, а каде воедно нашите ученици реализираат практична обука и се стекнуваат со знаење и вештини се компаниите: Пивара, Месарница Петковски, Месарница Атанасовски, Сураш, Фурна Диме, Рептил, Тинекс, Пекара Ваташа, Компанија Гурман мес, Фурна Пите
Пазарот на труд има дефицит и потреба од кадри од оваа објаст па ако одберете некоја од квалификациите од секторот ХЕМИЈА И ТЕХНОЛОГИЈА по завршување на образованието ќе имате можност за брзо вработување во прехранбената индустрија, месопреработувачката индустрија, хемиската индустрија, индустријата за производство на козметички производи.

Дојдете во светот на здравата исхрана и здравиот начин на живот, бидејќи здравјето доаѓа одвнатре, а се гледа однадвор. Заштитувајќи ја животната средина ќе научите како да ги заштитите Вашето здравје и Вашата убавина. Затоа, избери паметно за својата иднина!