Училишниот одбор на СУГС „Димитар Влахов“, согласно член 47 од Статутот СУГС „Димитар Влахов“, Скопје (бр.02-384/6 од 27.2.2020, 02-726/4 од 23.5.2022 година) на одржаната седница на ден 15.8.2022 година, донесе:
Куќен ред на училиштето
Работата во Училиштето се одвива според куќен ред кој го утврдува Училишниот одбор
- Училиштето работи во две смени. Учениците доаѓаат во училиште во 7:15 часот за прва смена и во 13:15 часот за втора смена.
- Учениците влегуваат во училишната зграда под влезот за ученици, а вработените и надворешни странки од службениот влез.
- Наставата за прва смена започнува во 7:30 часот и завршува до 13:10 часот, а за втора смена започнува во 13:30 часот и завршува до 19:10 часот.
- За двете смени големиот одмор е после втори час и трае 20 минути, а малиот одмор е после четврти час и трае 10 минути.
- За време на одржување на наставата учениците не треба да се движат и задржуваат по ходници освен во времето определено за одмор, за да не се нарушува текот на наставата
- За време на одморите се задолжуваат дежурните ученици од паралелката да бидат присутни во училницата.
- Во училиштето во двете смени има дежурни наставници и дежуртвото започнува во 7:00 часот за прва смена и трае до 13:00 часот и во 13:00 часот за втора смена и завршува во 19:10 часот.
- Сите потреби од административен карактер учениците ги остваруваат исклучиво преку класните раководители (потврди, ученички легитимации, уверенија и сл.)
- За време на наставата не е дозволено користење на мобилни телефони и истите треба да бидат исклучени.
- По завршувањето на наставата учениците ја напуштаат училишната зграда, освен во случај на воннаставна активност или работа во ученичките организации.
- Најстрого се забранува групно бегање од часовите. Изгубените часови мора да се надополнат, а на учениците ќе им бидат изречени соодветни педагошки мерки.
- Во училишната зграда и училишниот двор не е дозволено пушење, како и носење и конзумирање на алкохол.
- Учениците не смеат да внесуваат во училиштето предмети и материјали што не се дел од училишниот прибор, особено со кои може да се загрози безбедноста на учениците и вработените, како и да кршат, уништуваат и изнесуваат од училиштето училишен инвентар и сл.
- Кон учениците кои нема да се однесуваат во согласност со наведените правила се предвидени соодветни педагошки мерки. Доколку се утврди конкретниот сторител на одредена штета и се утврди дека истата е направена намерно, истиот е должен да ја надокнади штетата и му се изрекува соодветна педагошка мерка. Доколку конкретниот сторител ненамерно ја направил штетата должен е само да ја надокнади направената штета. Доколку не се утврди вистинскиот сторител, тогаш штетата ја надоместува целиот клас.
- Работно време на другите служби во училиште е од 7:30 до 15:30.
Претседател на Училишен одбор
Елизабета Стојановска