Back

М-р Јасминка Гудоманова

е родена во Скопје, 1973 година. Дипломирала на Технолошко – металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, насока прехранбено и биотехнолошко инженерство. Во 2004 година се стекнува со уверение за педагошко – психолошка и методска доквалификација на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет – Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а во 2018 година и магистрирала Образовен Менаџмент на Филозофскиот факултет на УКИМ на Институтот за педагогија на тема: „Училишниот менаџмент во средното стручно образование и демократско раководење” и се стекнува со звање: магистер по менаџмент во образованието.

Наставничката кариера ја започнува во јуни 2005 година од кога е вработена во Средното училиштe на Град Скопје „Димитар Влахов” како наставник по стучни предмети во струката лични услуги и хемиско технолошката струка, во ноември 2021 година е назначена за в.д. директор во Средното Училиште на Град Скопје „Димитар Влахов” a во април 2022 е именувана за Директор на СУГС „Димитар Влахов” Скопје.

Како професионалец и експерт во областа на образованието, досега има учествувано во повеќе домашни и меѓународни научно-истражувачки проекти во рамките на стручното образование. Автор е на учебници за средно стручно образование, има рецензирано учебници, била ментор на наставници приправници и ученици. Учествувала на бројни стручно – научни домашни и меѓународни конференции, тематски расправи, семинари и обуки. Исто така учествувала во работата на училишните комисии, била член на експертски тимови во Министерството за образование и наука на РС Македонија, и Центарот за стручно образование и обука на РС Македонија и претседател на Училишен одбор во СУГС „Димитар Влахов” Скопје.

Ангажирана е од надворешни провајдери како обучувач на наставници во рамките на професионалното усовршување и напредување на теми од Образовниот процес.

Во 2021 година е номинирана за амбасадор на T4 организацијата за РС Македонија каде во рамките на мисијата како амбасадор Teacher Teach самитот го промовирала на повеќе од 200 наставници од Република Северна Македонија и на истиот во април 2021 година присуствувала како делегат.

Во мај 2020 година присуствувала како делегат на on-line конференција „T4 EDUCATION” на тема: „Новата нормалност-образованието после COVID 19″.

Во 2018 год.била член на експертски тим во изготвување на реформирана програма за четиригодишно образование за струка/сектор-лични услуги, профил/квалификација – техничар за козметичка нега и убавина и во секторот хемија и технологија, профил/квалификација техничар за козметички и хемиски производи.

Во 2017 год. била член на експертски тим за изготвување на квалификација „Мајстор Фризер”, согласно НРК, во рамките на Проектот „Реформи во постсредното оразование, во 2018год. мастер обучувач за модул Фризерство на кандидати за полагање на квалификација на V-Б ниво, мајстор физер, а потоа и член на испитна комисија за проверка на знаењето на кандидатите за полагање на испит за Мајстор Фризер.

Во 2016 год. ангажирана како мастер обучувач на наставници за програмата “Подготовка за вработување и работа” во рамките на проектот на УСАИД, мрежа ЈЕС.

Во 2013 год. член во Работна група за изработка на курикулиум и стандарди за занимања за фризер и шминкер како компонента на Twinning Proekt, Подршка на модернизација на системот за образование и обука, потоа член во Работна група за изработка на програми за занимање Фризер за жени како компонента на Twinning Proekt и член на развоен тим во СУГС „Димитар Влахов” од Скопје, во струката лични услуги, одговорен за имплементација на две и три годишни наставни програми изработени во соработка со ЦСОО на РС Македонија и ЦСОО од Љубљана Р.Словенија а во рамките на Twinning Proekt.

Во 2012 год. ангажирана како мастер обучувач, носител на обука за Помошник козметичар и Фризер за жени согласно Програма за Обука одобрена од Министерство за образование и наука, како проект на Влада на Р. Македонија, на невработени лица за занимања дефицитарни на пазарот на трудот и невработени лица според Програмата за подршка на Роми.

Има искуство како координатор за реализација на практичната настава кај работодавач, координатор за подготовка и реализација на натпревар на државно ниво “Лидер во струката”, член на менаџерскиот тим во училиштето, и сл.

Автор е на учебник „Козметика и фризерство за I година” и „Микробиологија со санитација за II година“, автор е на прирачник за обука за Мајстор Фризар, како и автор на испитни прашања за државна матура и завршен испит, стандарди на постигања на учениците по стручни предмети и стандарди за занимања.
Член е на рецензентска комисија за учебник „Прехранбена технологија” за II година и „Суровини” за II година за хемиско-технолошката струка.

Ги зборува англискиот, рускиот, српскиот и хрватскиот јазик, ја сака музиката, љубител е на театарот, ужива да патува и рекреативно спортува.

Поседува лидерски способности, тимски работник, самоиницијативна, покажува способност да извршува повеќе работи истовремено, одговорна, комуникативна, позитивна и прилагодлива на нова средина.

Покажува истражувачки интереси во областа на образовните политики, образовниот менаџмент и развојот на човечките ресурси.