Back

ЗАВРШЕН ИСПИТ ВО СРЕДНО СТРУЧНО ЧЕТИРИГОДИШНО И ТРИГОДИШНО

ОБРАЗОВАНИЕ

1. Завршниот испит за учениците од четиригодишното средно стручно
образование е наменет за оние кои нема да полагаат државна матура.
Целта на овој испит е заокружување на образованието и добивање на диплома
за завршено четиригодишно средно стручно образование.
Завршниот испит се полага во две испитни сесии, јуни и август, според посебни
испитни програми кои се темелат на целите на наставните програми за
соодветните наставни предмети.
Завршниот испит опфаќа: задолжителен дел (мајчин јазик), изборен дел (пакет
од стручни предмети) и проектна задача.

2. Завршниот испит за учениците од тригодишното средно стручно образование
има за цел да се заокружи образованието и да се здобијат со диплома за
завршено тригодишно средно стручно образование.
Се полага во тври испитни сесии, јануари, јуни и август.
Завршниот испит опфаќа: писмена работа по мајчин јазик и литература и
практична работа со одбрана, која се темели на претходно зададена тема и се
полага со изработка на зададената тема пред комисија во која задолжително
има член од бизнис заедницата.

Теми за завршен испит фризер 2024/2025 г.