СУГС „Димитар Влахов” е средно стручно училиште кое се наоѓа во централното
градско подрачје, во општина Аеродром, на Булевар „Трета македонска бригада“
бр.22, Скопје. Училиштето има добра местоположба, се наоѓа во близина на
меѓуградската автобуска станица како и во близина на железничката станица,
односно транспортниот центар каде што гравитираат повеќе градски и приградски
автобуси што овозможува лесна достапност за учениците.
Во училиштето наставата е организирана во три струки/квалификации, лични
услуги, хемија и технологија и графичарство, кои се застапени со повеќе профили
односно занимања/квалификации со две, три и четири годишно траење.
Наставата се одвива во две смени, претпладне со почеток од 07:30 до 13:10 и
попладне со почеток од 13:30 до 19:10. Теоретската настава е организирана и се
реализира во современо опремени училници, вежбите се реализираат во
опремени кабинети, а практичната настава дел се реализира во опремени
училишни работилници, а дел во компании кај работодавачи со кои училиштето
има потпишано меморандум за соработка.
Училиштето во континуитет образува кадри кои се потребни на пазарот на трудот.
Со завршување на образовниот процес, учениците се стекнуваат со диплома за
завршено образование која им овозможува понатаму хоризонтална или
вертикална проодност или дирекно вклучување во пазарот на труд.
Хоризонталната проодност подразбира премин од еден образовен профил во друг
со полагање на разлика во предмети, а вертикалната проодност претставува
премин од тригодишно во четиригодишно образование како и вертикална
проодност во високото образование.
Работата во училиштето е организирана преку органите и телата во училиштето.
Раководен орган е директорот, управен орган е училишниот одбор, потоа
наставничкот совет, совет на паралелка, совет на година, стручните активи,
стручната служба, психолог, секретар и друг административно-технички персонал.
Соработката со учениците е организирана преку ученичката заедница, а
соработката со родителите преку советот на родители.
Наставниците и останатите вработени во училиштето несебично вложуваат во
обезбедување на безбедна и сигурна средина за учење и работа.
Почитувањето на личноста без разлика на етничката, верска и половата
припадност ја прват климата во училиштето погодна за учење, творење и
напредување.
Она што го прави училиштето поразлично е токму отворената соработка со бизнис
заедницата во рамките на дуалниот процес на образование. Училиштето има
соработка со околу стотина компании во најголем број од занаетчискиот сектор
кои ги отвараат вратите за учениците и кои несебично го пренесуваат занаетот на
идните кадри. Токму отвореноста на модуларните програми овозможуваат
учениците да ги развиваат знаењата, вештините и компетециите кои се потребни
на пазарот на трудот.
Учество во проекти и настани се уште еден сегмент кои покажува дека СУГС
„Димитар Влахов” е училиште кое важи за општествено одговрна институција.
Преку остварување на мисијата и визијата на училиштето се стремиме кон
достигнување на целите, а тоа се да бидеме модерно, современо, општествено
одговорно училиште кое ќе одговори на потребите на пазарот на трудот, училиште
кое ќе брои успешни приказни на млади луѓе кои се иднината во нашата држава.