
Последни настани
Ви посакуваме топло добредојде во новата учебна 2022/2023 година
Почитувани ученици, Ви посакуваме топло добредојде во новата учебна 2022/2023 година. Учениците од прва година и учениците од трета година […]
Самоевалуација за работата на училиштето во учебните 2020/2021 и 2021/2022 година
САМОЕВАЛУАЦИЈА 2020 – 2022- СУГС Димитар Влахов Скопје
Струки и профили
Зошто да го одбереш Димитар Влахов
- Модерни и перспективни струки
- Побарувачка на нашите струки на пазарот на труд
- Брзо вработување по завршување на образованието
- Можност за започнување на свој сопствен бизнис
- Квалитетна училишна и задолжителна приватна пракса
- Бројна соработка со компании и институции од нашата земја
- Со вертикална проодност - можност за напредување од 3 год. во 4 год. образование и продолжување на образованието на бројни факултети
- Хоризонтална проодност - можност за префрлање од еден профил/квалификација во друг со исто годишно траење
За нашите идни ученици...
Драги ученици,
Во овие денови кога сите сме во нашите домови и не можеме да бидеме заедно во училишните клупи немојте да мислите дека ве заборавивме. Со овие пораки сакаме да ви покажеме дека многу ни недостасувате и со нетрпение очекуваме да заврши оваа ситуација и сите заедно да продолжиме со реализацијата на вашите соништа. Исто така ве потсетуваме на вредностите на вашето училиште. Во оваа прилика се обраќаме и до идните средношколци и ги повикуваме да се придружат и да бидат дел од нашето училиште бидејќи кај нас има соживот, разбирање, соработка и пред сè сите ние функционираме како едно големо семејство.
Наставата во нашето учуилиште се изведува на три јазици : македонски, албански и турски јазик. Имаме образовни профили со тригодишно траење како: фризер, естетичар за нега на раце и нозе, месопреработувач, печатар, доработувач на графички производи и со четиригодишно траење како: техничар за козметичка нега и убавина, прехранбен техничар и графички уредник – дизајнер.
Доколку одберете некој од овие занаети нема да погрешите бидејќи занаетот е непроценливо богатство кое ви го нудиме ние, наставниците од „Димитар Влахов“.
Дојдете на 16 и 17 јуни 2020 година и нека вашите соништа станат реалност.

За нашето училиште...
Во СУГС „Димитар Влахов“ се учат атрактивни струки и профили и наставата на македонски јазик, албански и турски јазик.
ЛИЧНИ УСЛУГИ: Фризер, Естетичар за нега на раце и нозе, Техничар за козметичка нега и убавина
ХЕМИСКО-ТЕХНОЛОШКА СТРУКА: Месар, Млекопреработувач Месопреработувач, Прехранбен техничар /техничар за заштита на животната средина
ГРАФИЧКА СТРУКА: Изработувач на визуелни апликации, Доработувач на графички производи, Графички уредник-дизајнер