Back

Графичка струка

ВО СЕКТОР ГРАФИЧАРСТВО се изучува квалификацијата Графички уредник-дизајнер со 4 годишно траење

 

Што учи графички уредник-дизајнер?
Графички уредник дизајнер учи да креира технички решенија за функционален и атрактивен графички дизајн на билборди, логоа, списанија, видео игри, учи да дизајнира внатрешен и надворешен изглед на флаери, брошури, визит карти, заштитни знаци, учи да креира идејни решенија за графички производи користејќи современа компјутерска технологија и графички алатки, ги учи тајните на успешната фотографија, стилови на писма изразени преку типографија, техничко уредување на публикации, векторска и растерска графика, како и графичка монтажа

Учениците од секторот Графичарство теоретската настава ја реализираат во компјутерско опремени училници, а своето практично знаење го стекнуваат преку практична обука која се реализира во графичката работилница која е комплетно опременa со современа графичка технологија. Своето знаење и вештини ги усовршуваат преку предметот Учење преку работа кај рабодавач во приватни компании со кои училиштето има склучено меморандум за соработка. Ова им овозможува да влезат во светот на креативноста и дизајнот и по завршувањето на своето образование да се вработат во истите.
Компании со кои нашето училиште има склучено меморандум за соработка и каде нашите ученици ја обавуваат приватната практична обука и се компаниите Печатница Бранко Гапо, Печатница Либра, Полиестер day, Електродистрибуција. Некои од овие компании ги стипендираат учениците од образовниот профил Графички уредник-дизајнер.
Со забрзаниот развој на технологијата како во светот така и кај нас графичкиот уредник-дизајнер е сè побарана професија. Нема сектор и компанија каде не е потребен графичкиот дизајн.
Учениците кои ќе се одлучат да влезат во светот на графичарството по завршување на своето образование имаат можност да се вработат во компании за графички дизајн, во индустријата за видео игри, телевизија, филмска индустрија, новинарство и издаваштво, модна или автомобилска индустрија.

Дојдете во светот на графичкото дизајнирање и визуелните апликации и поттикнете ја Вашата креативност давајќи им убав изглед на нештата што Ве опкружуваат. Давајќи им убав изглед на нештата ќе научите како да го привлечете вниманието на секој од нас. Затоа, избери паметно за својата иднина!