Back

Лични услуги

Образовни профили/ квалификации

Фризер (тригодишно)
Естетичар за нега на раце и нозе (тригодишно)
Техничар за козметичка нега и убавина (четиригодишно)

Во секторот/струка ЛИЧНИ УСЛУГИ во училиштето се изучуваат три квалификации/образовни профили:
Фризер и Естетичар за нега на раце и нозе кои се со тригодишно траење и Техничар за козметичка нега и убавина со четиригодишно траење.

Што учи фризерот?
Учи за техники за миење на коса и масажа на скалп, учи за состав, својства и дејство на препарати за коса, учи како да ги примени препаратите во зависност од типот и состојбата на косата, ги учи современите техники на нијансирање, привремено боење, трајно боење на коса, белење како и современите техники на шатирање. Фрзиерот ги учи и техниките на потстрижување на коса како и бричење и обликување на брада и мустаќи. Учи и ги развива вештините на креативно изразување преку изработка на различни видови на фризури од историски до модерни, современи, трендовски фризури.

Што учи естетичарот за нега на раце и нозе?
Естетичарот учи како да се негува кожата на рацете и нозете, учи за техниките за надградба на нокти и нивно отстранување, учи за третманите за депилација, ги учи класичните маникир-педикирски третмани, третманите на третирање на плускавци и жуљеви, третмани на масажа на раце и стапала и ја развива креативноста во техниките на декорација на нокти.

Што учи техничар за козметичка нега и убавина?
Техничар за козметичка нега и убавина ги учи третманите за нега на лице и тело и тоа класичен третман на нега на лице, врат и деколте, третмани на проблематична кожа на лице, врат и деколте, третмани за нега на тело, техники на масажа на тело како и третмани за обликување на тело. Ги учи и третманите за нега на раце и нозе, класичните и декоративните техники на маникир, учи за депилација на лице и тело, учи за апаратурна и препаративна козметка како и за современите биокозметички препарати. Техничарот за козметичка нега и убавина преку изучување на техниките и стиловите на шминкање ги развива и креативните вештини.

Многу битен сегмент за учениците од секторот Лични услуги е практичната обука која ја реализираат во современо опремини фризерски и козметички салони во училиштето, во училишниот фризерско-козметички салон кој се наоѓа во Карпош, спроти ТЦ Лептокарија како и во фрзерско-козметички салони со кои училиштето има меморандум за соработка, а кои на учениците им овозможуваат работа во реални работни услови и работа со клиенти.

Изборот на некој од образовните профили во струката Лични услуги нуди можност за вработување во многубројните фризерски и козметички салони, спа и велнес центри, центри за убавина, стилисти и шминкери во телевизиски, филмски и театарски куќи. Несомнено, квалификациите од сектор лични услуги на учениците им нуди и можност за започнување на свој сопствен бизнис и градење на успешна кариера.

Дојдете во светот на имагинацијата, волшепството, магијата – поттикнати од Вашите вешти раце и Вашата полетна младешка енергија. Негувајќи ја Вашата надворешна убавина ќе научите како да ја негувате и Вашата внатрешна духовна убавина. Затоа, избери паметно за својата иднина!