Back

Мисија

Нашето училиште е безбедна и дисциплинирана средина во која создаваме најповолни услови за почитување на разликите и за користење на ефективни образовни техники и технологија кои ќе му помогнат на секој ученик да постигне најмногу што може за да земе активно учество во предизвиците на пазарот на трудот и во општественото опкружување, а притоа за цело време имаме партнерски односи меѓу учениците, наставниците и родителите.
Оспособуваме кадри, социјализирани, емоционално зрели личности и подготвени да промовираат етничка интеграција и да одговорат на современите професионални предизвици.

Визија

Да бидеме модерно и ефективно мултиетничко училиште во кое сè што ќе се работи ќе биде за доброто на учениците, за постигнување повисоки резултати во сите области – како во училиштето, така и надвор од него.
Да бидеме училиште со квалитетни и мотивирани наставници кои сета своја енергија ќе ја насочат кон мотивирање на учениците за постигнување поголеми резултати работејќи во современи и компјутеризирани кабинети и работилници.
Да бидеме финансиски автономно училиште кое ќе остварува приходи искористувајќи ги сопствените капацитети каде учениците ја реализираат праксата, а со цел обезбедување подобар ученички и училишен стандард.
Да бидеме училиште во кое еко-свеста на учениците ќе биде на високо ниво и, секако, училиште што ќе им го трасира патот на учениците кон пазарот на трудот или кон високообразовните институции, задоволувајќи ги критериумите за влез на истите.Оспособуваме кадри, социјализирани, емоционално зрели личности и подготвени да промовираат етничка интеграција и да одговорат на современите професионални предизвици.