Корона пакет на солидарноста
Oд страна на Збратимениот град на град Скопје – Нирнберг во рамките на проектот Корона пакет на солидарноста, на училиштето му беа донирани хигиенски средства и информативен материјал со цел едукација на учениците за правилно одржување на растојание и правилно одржување на секојдневната хигиена во услови на пандемија. Дополнително, Град Скопје учествуваше со своја донација за истата цел. Искрено се надеваме дека на 1ви септември училиштата ќе ги отворат вратите за своите ученици. Ние сме подготвени :-).
Подолу можете да ги проследите информативните материјали наменети за едукација и потсетување, како можеме да останеме безбедни, дома,на работа или во училиште.