Реализација на наградениот проект од Предизвик за млади истражувачи 3
Проектот со тема „Намалување на употребата на пестициди, инсектициди и хербициди во земјоделството преку алелопатија“, под менторство на наставниците по биологија Соња Кузмановска и Дијана Стојановска, кој е добитник на минатогодишниот Предизвик за млади истражувачи 3, е во фаза на реализација. Учениците по пат на научен метод во лабораториски услови го реализираат истражувањето на водени екстракти на одредени растенија и нивното алелопатско дејство.
Судејќи по сликите, за сега одлично им оди !