Конкурс за ученици во рамки на програмата Еразмус +



СУГС „Димитар Влахов“ – Скопје објавува
Конкурс за ученици во рамки на програмата Еразмус +
Клучна акција 1: Мобилности заради учење на поединци за учебната 2024/2025 година
Тема: – „Совладување на сценски и драматични фризури и техники на шминкање за сценска и филмска продукција“(бр.на договор на проектот 2024-1-MK01-KA122-VET-000223418)
Проектот опфаќа две мобилнос
ти за учениците од струката лични услуги. Една мобилност е за учениците од образовниот профил техничар за козметичка нега и убавина која ќе се реализира во градот Бургас во Република Бугарија, а другата мобилност е за учениците од образовниот профил фризер и мобилноста ќе се реализираат во градот Лисабон во Португалија. Време на реализација на мобилностите е месец март/април 2025 во времетраење од 14 дена.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
- Пополнета пријава
- CV
- мотивационо писмо
- согласност од родител
- копија од свидетелството од претходната учебна година
- препорака од работодавач за работните способности на ученикот од соодветната струка
КРИТЕРИУМИ:
- успех од последната година
- поведение
- познавање на англиски јазик (преку тест кој го спроведуваат наставници по соодветниот предмет)
- препорака од работодавач за работните способности на ученикот од соодветната струка
- интервју спроведено од Училишната комисија за проектите од Еразмус+
*пријава може да подигнете кај професорите Сузана Илиевска, Билјана Јанкуловска и Јулија Величковска
Изборот на кандидатите ќе го спроведе училишна комисија формирана со одлука.
Прва фаза е разгледување на документација и истакнување на листа на кандидати кои имаат комплетна документација. Втора фаза е тестирање за познавање на англиски јазик (го спроведуваат предметните професори) и на крај следи интервју со комисијата.
Резултатите ќе бидат објавени јавно – на огласна табла во училиштето како и на веб-страницата и фб-страницата.
За учество во проектот од СУГС „Димитар Влахов“, ќе бидат избрани 20 ученици од струката лични услуги (10 ученика од профилот фризер и 10 ученика од профилот техничар за козметичка нега и убавина).
Сите заинтересирани ученици потребните документи, може да ги достават личнo до наставниците Сузана Илиевска, Билјана Јанкуловска и Јулија Величкоска Стојаноска во периодот од 22.11.2024 до 29.11.2024 година.