На сите наши ученици, соработници и колеги им посакуваме СРЕЌНА И УСПЕШНА НОВА ГОДИНА ! Нека следната година биде полна со успешни соработки! Од срце Ви посакува колегиумот при СУГС “Димитар Влахов”
Проектот со тема „Намалување на употребата на пестициди, инсектициди и хербициди во земјоделството преку алелопатија“, под менторство на наставниците по биологија Соња Кузмановска и Дијана Стојановска, кој е добитник на минатогодишниот Предизвик за млади истражувачи 3, е во фаза на …
На 17 декември, 2021 година, се одржа настан за промоција на Упатство за организирање на заеднички наставни часови, изработено во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието и Проектот Јакнење на мултиетничката соработка во општините …
ЦСИ „Надеж“ потпиша меморандум на соработка со Димитар Влахов за реализација на проектот „Таа може: стекнување вештини за економска независност” кој е финансиран од германската фондација „Weltgebetstag“ . Целта на проектот е преку професионална обука да им се овозможи на …
Прогласени се наградените проекти од Дигитална етика, дел од проектот на Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО. Целта на овој проект кој се реализира со поддршка од Град Скопје е развивање на способноста на средношколците и останатите членови на …
И оваа учебна година во СУГС „Димитар Влахов“ се реализираат заеднички часови во рамките на проектот на УСАИД за Меѓуетничка интеграција во образованието, вклучени се осум паралелки на македонски и албански наставен јазик по четири предмети. Целта на овој проект е …
Почитувани колеги, ученици, родители и пријатели, денес го одбележуваме Патрониот празник на нашето училиште, посветен на нашиот патрон Димитар Влахов (1878-1953), истакнат македонски револуционер, општественик и државник. Денес е празничен ден, ден посветен за средби и дружење со Вас. Во …
Во СУГС ,,Димитар Влахов” се посветува внимание и на спортските натпревари во екипни и поединечни спортови.Користа од физичката активност е огромна. Помага во развој и одржување на моториката, ги зацврснува коските и зглобовите, го подобрува имунитетот, ја зголемува самодоверба, ја …
Светскиот ден на учителот/наставниците се одбележува секоја година низ целиот свет и ги поврзува владите, мултилатералните и билатералните организации, невладините организации, приватниот сектор, наставниците и експертите во областа на наставата. Според Институтот за статистика на УНЕСКО, на светот му требаат …
Со волонтерски дух, подготвени за еден различен ден исполнет со ведри и насмеани лица, под водство на наставникот Мирјана Крстевска , дел од учениците на СУГС „Димитар Влахов“ волонтираа на седумнаесетото издание на Скопскиот маратон. Со насочувањето на учениците кон …






