Мото на училиштето - Современи млади луѓе за современо општество
Прочитај повеќе
Училиштето располага со опремени училници и кабинети за практична настава...
Прочитај повеќе
Информации за уписи во училиштето...
Прочитај повеќе

Последни настани

Средбa нa првиoт сo нaјдoбрите

Во текот на денешниот ден вo Куршумли Ан, се одржа настанот – прoглaсувaње на првенци нa генерaцијa oд стрaнa нa […]

ТВ Сител во посета на училиштето во пресрет на второто пријавување

ТВ Сител во посета на училиштето во пресрет на второто пријавување https://www.youtube.com/watch?v=OtiKAivUYxU

Струки и профили

Образовни профили/ квалификациии

Зошто да го одбереш Димитар Влахов
- Модерни и перспективни струки
- Побарувачка на нашите струки на пазарот на труд
- Брзо вработување по завршување на образованието
- Можност за започнување на свој сопствен бизнис
- Квалитетна училишна и задолжителна приватна пракса
- Бројна соработка со компании и институции од нашата земја
- Со вертикална проодност - можност за напредување од 3 год. во 4 год. образование и продолжување на образованието на бројни факултети
- Хоризонтална проодност - можност за префрлање од еден профил/квалификација во друг со исто годишно траење

За нашите идни ученици...

Драги ученици,
Во овие денови кога сите сме во нашите домови и не можеме да бидеме заедно во училишните клупи немојте да мислите дека ве заборавивме. Со овие пораки сакаме да ви покажеме дека многу ни недостасувате и со нетрпение очекуваме да заврши оваа ситуација и сите заедно да продолжиме со реализацијата на вашите соништа. Исто така ве потсетуваме на вредностите на вашето училиште. Во оваа прилика се обраќаме и до идните средношколци и ги повикуваме да се придружат и да бидат дел од нашето училиште бидејќи кај нас има соживот, разбирање, соработка и пред сè сите ние функционираме како едно големо семејство.
Наставата во нашето учуилиште се изведува на три јазици : македонски, албански и турски јазик. Имаме образовни профили со тригодишно траење како: фризер, естетичар за нега на раце и нозе, месопреработувач, печатар, доработувач на графички производи и со четиригодишно траење како: техничар за козметичка нега и убавина, прехранбен техничар и графички уредник – дизајнер.
Доколку одберете некој од овие занаети нема да погрешите бидејќи занаетот е непроценливо богатство кое ви го нудиме ние, наставниците од „Димитар Влахов“.
Дојдете на 16 и 17 јуни 2020 година и нека вашите соништа станат реалност.

За нашето училиште...

Во СУГС „Димитар Влахов“ се учат атрактивни струки и профили и  наставата на  македонски јазик, албански и турски јазик.

ЛИЧНИ УСЛУГИ: Фризер, Естетичар за нега на раце и нозе, Техничар за козметичка нега и убавина
ХЕМИСКО-ТЕХНОЛОШКА СТРУКА: Месар, Млекопреработувач Месопреработувач, Прехранбен техничар /техничар за заштита на животната средина
ГРАФИЧКА СТРУКА: Изработувач на визуелни апликации, Доработувач на графички производи, Графички уредник-дизајнер